Од 5 до 13 јули богата програма во ЦК „Бели Мугри“
НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани во периодот од 5 до 13 јули на програмата најавува концерти и изложба за кочанската публика.
Вечерва, 5 јули со почеток од 20 ч. во „Бели Мугри“ е најавен концерт „Musica Viva“, „Музички бисери во класичната музика“.

На 7 јули (петок), во Фоаје 1 на Центарот за култура со почеток од 19:30 ч. е закажана изложба на Димитар Лазов – Лав, по повод 40 години ликовно творештво.

На 13 јули (четврток), со почеток од 20 ч. во НУЦК „Бели Мугри“ е закажан концерт под наслов „Фин проект“.

Концертите кои ќе се изведат финансиски се поддржани од Министерството за култура на Македонија.