Одржан 22 Републички натпревар „Млади библиотекари“ чиј домаќин беше ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
Во ЈОУ Библиотека „Искра”- Кочани, во организација на Библиотекарското здружение на Македонија, се одржа 22 Републички натпревар „Млади библиотекари”. Се натпреваруваа 26 ученици, победници на Општинските натпревари низ Македонија. Првото место го освои Матео Митевски од ООУ „Браќа Миладиновци” – Куманово.

-Ни претставуваше чест и задоволство што овогодинешната реализација на Републичкиот натпревар се одржа во нашата библиотека, за што, како домаќини се надеваме дека присутните понесоа со себе убави впечатоци и искуства од Кочани, рече Кристина Горгиевска – Атанасова, директорка на ЈОУБ „Искра“.






