Одбележана 118-годишнината од смртта на Никола Карев
Со свечена академија на ООУ „Никола Карев“ и полагање свежо цвеќе на спомениците, вчера и денеска беше одбележана 118-годишнината од смртта на големиот македонски револуционер и претседател на Крушевската Република, Никола Карев.
Општински делегации положија цвеќе на спомениците на Карев во Паркот на Револуцијата, кај селото Тркање и во Спомен-паркот во Свиланово.


Претставници на Извидничкиот одред „Ластовица“ и ученици од ОУ „Никола Карев“ пешачеа од селото Пантелеј до Рајчани, односно до местото Свиланово, каде што загинал Карев.

На академијата в.д директорот на ООУ „Никола Карев“, Александар Андов направи краток осврт на сработените проекти од почетокот на новата учебна година.

-Од почетокот на учебната година до сега се реализирани низа проекти меѓу кои, завршување на Еразмус + проектот за опремување на училишната библиотека, проширување со медиатека, реновирање на продолжениот престој и наставничката канцеларија, опремување на простории на дефектологот и социјологот, просторија за родители. Исто така поставена е аудио опрема и мрежа за функционален разглас. Училишниот двор беше уреден со поставување на клупи, дрвена ограда, нов детски парк, изградена е нова патека која го поврзува училиштето со новиот влез покрај спортската сала, истакна Александар Андов, в.д директор на ООУ „Никола Карев“ – Кочани.

Во рамки на свечената програма беа доделени благодарници на помагатели и поддржувачи на кочанското основно училиште кои ги врачи директорот Андов.

