Обновен детскиот парк на подрачното училиште во с. Тркање
Почитувани, со големо задоволство ве известуваме дека детскиот парк во нашето подрачно училиште во с. Тркање е саниран и целосно обновен.

Поставен е сепариран песок за нова подлога, сите оштетени лулашки се обновени, клупите се во целост репарирани, поставена е заштитна ограда за зголемена безбедност на самиот детски парк, односно од едно руинирано место направено е детско катче каде нашите ученици ќе можат да се забавуваат, другаруваат и место каде ќе поминуваат дел од своето слободното време.

Овој детски парк е и од општествено значење бидејќи ќе можат да го користат сите дечиња од с.Тркање.
ООУ „Никола Карев“-Кочани




