Обновена оградата на училишниот двор на ООУ „Никола Карев“
ООУ „Никола Карев“ – Кочани изврши замена на оградата на училишниот двор. Нова ограда доби просторот од главниот влез откај булеварот „Никола Карев“, во должина кон задниот влез на Полициската станица.


-Денес на наше огромно задоволство успеавме да ја смениме комплетно надворешната училишна ограда проблем кој долги години стоеше нереше. Со промената успеавме да го промениме надворешниот изглед на училиштето, но и ја подобривме безбедноста на влезот на нашето училиште, – истакна Александар Андов, директор на ООУ „Никола Карев“ од Кочани.

