Нов кабинет за ликовно образование во ОУ “Никола Карев”
Денес во употреба го пуштивме кабинетот по ликовно образование со кој дополнително ќе го подигнеме квалитетот на наставата.

Училишното бифе кое беше нефункционално многу години денес е наша гордост и го опремивме за кабинет по ликовно образование.

Просторијата е избелена, сменето е осветлувањето, поставен е нов епоксиден под, поставена е бела табала, поставени се штафелаи за цртежи, нови маси и столчиња.

Продолжуваме и понатаму да ги подобруваме условите за нашите ученици и наставници во нашето училиште.

ООУ “Никола Карев”-Кочани



