На 25 април втора „Фолк вечер на популарноста“ во Кочани
„Фолк вечер на популарноста“ втора по ред ќе се одржи на 25 април во преубавиот амбиент на Хотел „Амор“ Кочани. Ланската година се одржа за прв пат и ги собра на едно место најдобрите македонски фолк пејачи. Организаторите најавуваат годинава да биде уште поубава и поорганизирана фолк вечер на која ќе гостуваат голем број музички имиња и на кои ќе им бидат доделени признанија и статуетки за она што е сработено во изминатиот период.

Македонските естрадни фолк уметници на манифестацијата „Фолк вечер на популарноста“, ќе ја прослават музиката и ќе добијат признанија за своите достигнувања, успеси и заслуги за македонската музика – тоа што досега недостасуваше.

Наградите, како и на првата фолк вечер, ќе им ги врачат еминентни личности од музичката сцена, автори, продуценти и музички уредници.

Организаторите истакнаа дека главниот мотив на манифестацијата е да се даде еден импулс и публицитет на фолк естрадата.

Организатор на настанот и годинава е ИМД продукцијата од Кочани од каде истакнаа дека настанот ќе прерасне во традиција.
