„Во светот на бајките“ во изведба на учениците на ОУ „Крсте Петков Мисирков“- одбележан патрониот празник на училиштето
Со темата во “Светот на бајките” претставена од учениците од ОУ “Крсте Петков Мисирков” и со положување цвеќе на бистата беше одбележан патрониот празник на училиштето. Учениците и наставниот кадар се потрудија да го претстават чудесниот свет на фантастичното исполнет со волшебни суштества и успеаја за миг да ги вратат возрасните во детскиот живот на бајките. Преку претставувањето на Снежана и седумте џуџиња, Аладин и волшебната ламба, пиратите и ледената кралица, драми и рецитали, на свечената академија по повод празникот, учениците направија вистинско ремек дело и упатија порака до возрасните “Никогаш да не излегуваат од детскиот магичен свет” и дека “На крајот секогаш победува доброто”.


Поздравен говор имаше директорката на училиштето Соња Иванова, а пред присутните во преполната училишна сала се претстави и хорот и оркестарот на училиштето кои ја изведоа и државната химна. На бистата пред патронот Крсте Петков Мисирков цвеќе положија градоначалникот на општина Кочани Љупчо Папазов, и претставници од општината и училиштето.






По пауза од две години, кога заради епидемијата не се организираа свечени академии и фактот дека салата беше исполнета до последно место, јасно покажа дека вакви настани се повеќе од потребни.