Награди за учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“
Учениците од одделот на традициски инструменти, под менторство на наставник Виктор Постолов, со освоена втора награда се вратија од првото учество на меѓународниот натпревар за камерна музика во Кавадарци.

Учениците од ова училиште секоја година редат големи успеси и добиваат бројни награди и први места на државни и меѓународни натпревари.

