Музички концерт – родители и деца на ОМУ „Ристо Јуруков“
Во Мултикултурниот центар во Кочани, ОМУ „Ристо Јуруков“ за прв пат реализираше концерт на родители и ученици.

На клавир, гитара, флејта и виолина, родителите во пар со своите деца музицираа пред публиката со нумери и изведби на класична и забавна музика.

– За прв пат, ООМУ „Ристо Јуруков“ организира концерт родители и деца, родителите со своите деца настапуваат на сцена. Слушнавме единаесет изведби, со класични нумери, забавна и соло пеење. Се надевам дека концертот ќе прерасне во традиција и ќе се зголемува на бројот на оние кои ќе сакаат да свират. Голем дел од родителите кои настапуваат вечерва за прв пат се на музичката сцена, се потрудија и блеснаа на сцената.

Од ООМУ „Ристо Јурков“ информираа дека музичкиот концерт на родители и деца е последен музички настан за учебната година.




