„Музички караван“ во ОМУ „Ристо Јуруков“
„Музички караван“ во ОМУ „Ристо Јуруков“ се одржа денеска. „Музичкиот караван“ започна со предавање од страна на проф. д-р Милица Шкариќ – професор на Музичката академија при УГД – Штип на тема „Поставување на раката кај децата почетници по пијано“.


Во музичкиот дел беше одржан концерт на кој освен ученици од ООМУ „Ристо Јуруков“, учествуваа и ученици од ООМУ „Васо Карајанов“ – Гевгелија и ООМУ „Методи Патче“ – Охрид.


