Мото дефиле и делење цветови по повод 8 ми Март реализираше Мото клубот Strong Raider од Кочани
По повод 8 ми Март, Денот на жената, Мото клубот Strong Raider од Кочани реализираше мото дефиле низ кочанските улици.
Членовите на клубот направија и убав гест за припадничките на понежниот пол, поделија 100 цветови и со тоа им го честитаа празникот и им посакаа здравје, среќа и љубов.
Клубот и понатаму ќе продолжи со реализација на своите активности.

