Можност за финансиска поддршка за формирање на енергетски задруги, повик за учество на семинарот што ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Еуро Хотел Гратче
Институтот за развој на заедницата ИРЗ во рамките на своите програмски активности, во соработка со организацијата Solare Zukunft од Германија, и со финансиска поддршка од Германската Фондација за заштита на животната средина (DBU) отпочна со реализација на програмата за помош и поддршка за формирање на енергетски задруги во Македонија. Во текот на имплементација на проектот, предвидени се повеќе активности, како што се обуки за формирање на задруги, финансиска поддршка за формирање на енергетски задруги и инвестиции во соларни панели, консултации и студиска посета во Германија. Главната цел на овој проект е да го поттикне учеството на граѓаните во енергетската транзиција преку формирање на енергетските задруги и користење на соларна обновлива енергија. Во периодот од јуни до септември ќе бидат организирани 5 обуки во различни региони во Македонија на кои што би присуствувале граѓани заинтересирани за формирање на енергетски задруги, и воедно ќе дадеме можност за учество на членови на совет на општини, медиуми и други заинтересирани. На овие обуки учесниците ќе имаат одлична можност да научат повеќе за концептот на енергетски задруги, како функционираат соларните фотонапонски централи, кои се придобивки и слично. Бројот на учесници е ограничен, и предност ќе имаат оние што први ќе се регистрираат. Обуките ќе се одржат во следниве градови во Македонија: Скопје, Кочани, Струмица, Прилеп, Тетово.
Во рамките на проектот, предвидени се серија на обуки на кои што ќе се претстави законската рамка, можностите и инструментите за финансиска поддршка на задругите.
Пристапот за обуки е регионален, и сите заинтересирани може да одберат локација/општина која што највеќе им одговара и на која што би сакале да учествуваат. Времетраењето на обуката е 2 работни дена со едно ноќевање.
Трошоците за Хотелско сместување и за храна ќе бидат покриени од страна на Здружение ИРЗ.
Предност за учество ќе имаат граѓани/физички лица, но можно е обезбедување и места за претставници од совет на општини и медиуми.
Рок за пријавување: До пополнување на групите.
Семинарот во Кочани ќе се одржи на 15 и 16 Јуни од 9 до 17 часот во Еуро Хотел Гратче.
Сите заинтересирани можат да пријават учество на следниот линк: