Меѓународен натпревар во противпожарни игри во организација на Доброволното противпижарно друштво
Доброволно противпожарно друштво Кочани по повод четиригодишнината од своето формирање организира
МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ВО ПРОТИВОПОЖАРНИ ИГРИ
13 септември 2025 (сабота)
Спортски терени Бачалук – Кочани
Почеток: 10:00 часот
На настанот ќе учествуваат екипи од:
Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија
Екипите ќе се натпреваруваат на четири различни полигони, а во рамки на манифестацијата ќе се одржи и детски натпревар со учество на најмладите од општините Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци.
Ве покануваме сите да бидете дел од овој уникатен настан, исполнет со другарство, спортски дух и противпожарни вештини.
