Матурантите од СОУ „Љупчо Сантов“ го прославија завршувањето на средното образование
Матурантите од СОУ „Љупчо Сантов“ го одбележаа најважниот момент од животот на младите, кога стануваат полнолетни или време кога го поминуваат прагот помеѓу тинејџерските години и сериозноста. Пристигнуваа во училиштето каде што беа пречекани од многубројниот народ. Како на филм чекореа по црвениот тепих и гордо влегуваа во училиштето во кое поминаа значаен дел од животот. На последниот класен час си ветија и да се разделат за време на студиите сепак и понатаму ќе се собираат на заеднички дружења. А годините поминати во училишните клупи никогаш нема да ги заборават.




Генерација за паметење. Убави, модерни и пред се паметни. Вака професорите ги опишаа овогодишните матуранти од СОУ „Љупчо Сантов“. Класните раководители беа повозбудени од самите матуранти. Со солзи во очите се разделуваа од своите ученици, со надеж дека во иднина од нив ќе произлезат познати лекари, инженери, архитекти.

-За оваа генерација можам да кажам дека се прекрасни ученици. Возбудена сум многу, тажна поради разделбата, но и радосна што моите деца порасна и станаа полнолетни граѓани. Им посакувам голем успех и знам дека ќе бидат успешни академски граѓани во иднина, рече Дивна Лазарова, класен раководител.
Инаку и годинава менаџерскиот тим и вработените во „Љупчо Сантов“ го украсија училиштето и ги пречекаа матурантите како што доликува на свечениот момент.

– СОУ „Љупчо Сантов“ секогаш има успешни генерации на матуранти што се покажа и овој пат. Четиригодишниот период го поминаа со многу успеси, генерација која ја преброди и Корона кризата и многу други предизвици. Се надевам дека оваа генерација ќе биде успешна генерација на студенти, академски граѓани и пред се одговорни граѓани на нашата општина. Завршуваат вкупно 140 матуранти распоредени во осум паралелки, во економска трговска и правна струка и гимназиско образование, истакна Љубомир Гацов, в.д директор на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани.

По завршување на класниот час сите со свои желби за во идина си посакаа многу среќа и си ја честитаа матурата која годинава ја прославија во ресторан Амор.
