„Лето во друштво“ – програма за млади креирана според нивните потреби
Од 11 до 23 август во Кочани и околината ќе се случуваат разновидни активности за млади, креирани според нивните потреби.
ЦПКА-Малинска ги праша младите од Кочани, Чешиново-Облешево, Штип, Виница и Пробиштип како се чувствуваат во последниот период и кои се нивните потреби. Внимателно се слушнати 289-те млади кои одговорија на прашалникот и е понудена програма по нивна мерка. Така настана летната програма за млади „ЛЕТО ВО ДРУШТВО“ што ја креираше тимот на ЦПКА-Малинска, во соработка со професионалци кои понудија спортски, уметнички, едукативни и психолошки работилници и активности.
Заедно со соработниците и волонтерите од Кочани, со голема посветеност и љубов се креирани содржини за младите од Кочани и регионот.
Домаќини на програмата се Локалниот младински совет – Кочани и Општина Кочани На крајот од програмата ќе се одржи изложба на која младите ќе ги споделат своите дела со јавноста.
