„Крај на “трпи и трај” “ – говор на Ивона Тодорова од Оризари на ораторската вечер на Правниот факултет во Скопје
На 5 Декември се одржа 26та по ред ораторска вечер “Иво Пухан” на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје. Ивона Тодорова студент на правни студии настапи со говор насловен “Крај на “трпи и трај”” во кој ги повикува граѓаните да излезат од апатијата и ги потсетува македонците за нивниот борбен дух низ историјата.

Ораторската вечер е традиционална манифестација на Правниот Факултет „Јустинијан први“ што се спроведува како натпревар по говорништво. Во финалето настапија 8 говорници, студенти на различни факултети на Универзитетот.