Концерт на музичкото трио „Musica viva“
Во фоајето на ЦК „Бели Мугри“ музичкото трио „Musica viva“ одржа концерт насловен како „Музички бисери во класичната музика“.
Настапија м-р Марија Илиева, Ангелина Павлова и Стојан Наумовски кои свиреа класична музика од познати композитори.


-Нашиот концерт е дел од програмата на НУЦК „Бели Мугри“ Кочани и целосно е поддржан од Министерството за култура на РС Македонија. Вечерва се претставуваме со програма од Вивалди, Моцарт, а имаме и премиерна изведба на две дела од наш колега и наш сограѓанин Јосиф Христов. Нашето трио е составено од две виолини и виолончело. Следна наша активност е настап по повод отворање на новото кино во Штип, рече м-р Марија Илиева, член на триото.

Ова е првиот културен настан во месец Јули што го организира НУ Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани како дел од нивната годишна програма. На 7 јули (петок), во Фоаје 1 на Центарот за култура со почеток од 19:30 ч. е закажана изложба на Димитар Лазов – Лав, по повод 40 години ликовно творештво. На 13 јули (четврток), со почеток од 20 ч. во НУЦК „Бели Мугри“ е закажан концерт под наслов „Фин проект“.


