Концерт „За нашите мајки“ на учениците и наставниците од ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани
Со музички концерт ОМУ ” Ристо Јуруков” го одбележа Меѓународниот ден на жената. Учениците од музичкото училиште со најубави желби свиреа и пееја за сите мајки.

Во преполната сала во Мултикултурниот центар во Кочани се претставија со музички точки од познати светски композитори.

Концертот се реализира трета година по ред.





