И официјално пуштено детското игралиште во ООУ „Никола Карев“ – заеднички проект со Ротари клубот Кочани – Виница
Ротари Клуб Кочани-Виница, во склоп на активностите на Проектот „НАПРАВИ РАЗЛИКА“ кој е финансиран од USAID заедно со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип и Ротари Клуб Штип во наредните 5 години ќе делуваат со активности за развој и јакнење на локалната заедница, секако со нејзина вклученост во активностите. Секоја издржлива иницијатива од граѓаните и институциите на територијата на Општина Кочани која ќе биде прифатена и одобрена од Комјунити колеџот ќе се надоградува со 40% од вкупната вредност на Проектот. Ротари Клуб Кочани-Виница на почетокот на учебната 2022/23год. потпиша Меморандум за соработка со сите училишта од Општините Кочани и Виница. Ова е прва одобрена активност во ОУ „Никола Карев“ што се спроведува во склоп на проектот НАПРАВИ РАЗЛИКА, а ќе следуваат уште многу. Преку проектот ќе се обезбеди гумена подлога за дел од игралиштето во училишниот двор.



Денеска официјално во употреба го пуштивме и ,,Детското игралиште” во нашето училиште. Ова детско игралиште е дел од заедничкиот проект со Ротари клубот „Кочани-Виница” и е делот кој требаше ние како училиште да го финасираме. Тоа се две подлоги за кошаркарско и фудбалско игралиште. Благодарност и до Општина Кочани што ни ги додели старите детски лулашки за ние како училиште ги репарираме и поставиме. Поставивме клупи и столчиња на самиот детски парк, истакна Александар Андов, в.д директор на училиштето.

Проектот НАПРАВИ РАЗЛИКА се спроведува од месец август 2022год. и е со времетраење од 5 години. Како прва фаза раноти формирано работно тело т.н. Комјунити колеџи или Колеџи на заедницата. Ова тело во заедничка соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница-Штип како носител на проектот и РК Кочани-Виница и РК Штип како партнери во проектот ќе бидат присутни во заедницата следниот период од 5 години во Општините Кочани, Виница, Штип, а проектот ќе се прошири и на соседните Општини од Источно планскиот Регион.
