Изразувањето сочувство и молитвите за покојните продолжуваат во Црковниот храм „Свети вмч. Георгиј“
Општина Кочани во соработка со Црковниот храм „Свети вмч. Георгиј“ ја известува јавноста дека граѓаните можат да продолжат да изразуваат сочувство, да палат свеќи и да се молат за покојните во кочанскиот храм, каде што е дислоцирана книгата на жалоста.

Цвеќињата и фотографиите на загинатите од Паркот на Револуцијата се пренесени на погребните парцели на Градските гробишта во Кочани.
Собраните средства од граѓаните ќе бидат префрлени на сметката за донација на Црвен крст.
