Изложба на дела со ликови на христијански светители на авторот Влатко Анчов од Кочани
Во организација на ОУМ Библиотека „Кочо Рацин“ – Пехчево, ЈОУ Библиотека „Искра” ја претстави изложбата на кочанскиот автор Влатко Анчов, изработена во техниката „Пирографија”.

На изложбата се претставени ликови на христијански светители.

Воедно меѓу двете библиотеки беа разменети книги од роднокрајни автори.

