Известување за бележење на хоринзонтална сигнализција и поставување на вертикална сигнализација
Согласно законските обврски, Општина Кочани го реализира периодичното оддржување на јавните патишта и улици, односно изведувачот на работите БОЈТА ИНГ – Скопје ја бележи хоринзонталната сигнализација и поставува вертикална сигнализација во Кочани.
Денес, 04.09.2025 година, во ноќните часови во план е бележење на хоринзонталната сигнализација на големиот паркинг во Трговски центар, ул.„Браќа Ставреви“, ул. „Кеј на Револуција“ (од крстосница со ул. „Љупчо Сантов“ до крстосница со ул.„Браќа Ставреви“), ул.„Маршал Тито“ (од крстосница со крак на ул.„Маршал Тито“ до крстосница со ул. „Љупчо Сантов“), ул.„Димитар Влахов“, ул.„Стево Теодосиевски“ и ул.„Тодосија Паунов“.
Се молат граѓаните да не ги паркираат возилата на гореспоменатите улици заради непречено бележење на хоризонталната сигнализација и во интерес на безбедност за сите.
