Известување до јавноста од в.д. градоначалникот Венко Крстевски во врска со формирање на паралелки со помал број на ученици во општинските основни училишта
Известување до јавноста од в.д. градоначалникот Венко Крстевски во врска со формирање на паралелки со помал број на учениции во општинските основни училишта.
Почитувани,
Образованието во општина Кочани мора да се води законски и одговорно. Нема да дозволам повеќе импровизации, самоволие и партиски интереси во училиштата!
Законот за основно образование јасно кажува: паралелка со помал број ученици може да се формира само со претходно позитивно мислење од Министерството за образование и наука.
Општина Кочани нема добиено такво мислење. Секое друго формирање паралелки е нелегално и директно кршење на законот.
Партиски поставени директори и партиски канџи мора еднаш засекогаш да бидат тргнати од образованието. Таму нема место за партиски игри и лични комбинации, таму се нашите деца!
Ги предупредувам сите директори: ПОЧИТУВАЈТЕ ГО ЗАКОНОТ или ќе одговарате. Толеранција за незаконско работење нема да има.
Драги родители, ова го правиме за вашите деца. Поголем број ученици во една паралелка значи повеќе другарчиња, повеќе дружење, поголема конкуренција и поквалитетно образование. Нема да дозволам некој поради партиски интереси да им ја крати таа можност!
Оценете вие дали е нормално 27 првачиња да бидат поделени во три паралелки, а законскиот минимум е 20 дечиња во паралелка.
Се поставува прашањето како во основно образование изминатата деценија се вработувани партиските кадри?!
Општина Кочани во претходните години нема добиено позитивно мислење од Министерството за образование и наука.
Во Кочани образованието ќе биде чесно, транспарентно и законско, а партијата и личните интереси ќе останат надвор од училиштата.
Со почит,
Венко Крстевски
в.д. Градоначалник на Општина Кочани
