Ивона Тодорова од СОУ „Љупчо Сантов“ победничка во категоријата најдобар оратор на Ораторската вечер на УГД
Матурантката Ивона Тодорова ученичка во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани е победничка во категоријата избор на публиката на XI Ораторска вечер што се одржа во Штип. Тодорова со својот емотивен настап ги освои срцата на публиката при што со 80 гласа за беше избрана за најдобар оратор – избор на публиката во конкуренција на 12 други оратори.

Младите оратори се претставија со нивни оригинални, нецензурирани, говори кои ја допреа присутната публика и оние кои следеа пред екраните. Ораторите зборуваа за актуелни политички проблеми, социјални проблеми, животни предизвици… Пренесоа важни и впечатливи пораки кои ќе одѕвонуваат уште долго.

Од спонзор, Фондација за развој на локалната заедница – Штип, Ивона се здоби со парична награда од 300 евра во денарска проттивредност и плакета. Ментор на Тородова во процесот на подготовка и настап на ораторските вечери и беше професорот по македонски јазик и литература Александар Димитров.
Освен публиката, за најдобрите одлучуваше и жири комисија составена од еминентни професори на факултети проф.д-р Ана Никодиновска Крстевска, проф. д-р Димитар Апасиев, проф. д-р Трајче Стојанов, Борис Шарковски (претставник од спонзор) и м-р Елена Трајковска (алумни, победник на VI Ораторска вечер). За најдобар оратор – студент го избра Божидар Донев, студент на Медиумски студии и односи со јавноста, Правен факултет, а за најдобар оратор-средношколец Даница Левкова, ученик при СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип. Од ректорската управа на Универзитетот, победниците се здобија со парична награда од 200 евра во денарска противвредност и вредносна бакарна плакета од спонозорот.

За првпат годинава во натпреварувачкиот дел се вклулчени и средношколци кои успешно поминале циклус обука за Јавно говорење, беседништво и дебата, а публиката за првпат има удел во гласањето за најдобар оратор.


Освен Тодорова, од Кочани имаше уште тројца учесници Никола Малешевски, Љупка Јорданова и Анастасија Михаилова кои исто така ги освоија срцата на публиката и добија огромни аплаузи.
Организатор на XI Ораторска вечер беше Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Клуб на оратори “Rostra Vetera”.