ЗГ Будност: Лицемерието на Левица нема крај
Почитувани граѓани на Општина Кочани,
Вие заслужувате да ја знаете вистината.
На 36тата седница на Советот, кога како точка на Дневен ред беше петицијата за конечно исфрлање на родовите компоненти од Локалниот акциски план за еднакви можности на мажите и жените, видовме лаги, интриги и манипулации, посебно од членовите на Советот од СДСМ и Левица. Тие практично застанаа во одбрана на родовата идеологија со тоа што иако на збор наводно се согласија да се прочисти програмата за еднакви можности на мажите и жените од родовата идеологија, тие манипулативно и смислено ја пратија на проверка и одобрување кај најагресивниот промотор на родовата идеологија, министерот Тренчевска. Веројатно мислеа дека со тоа ќе го залажат народот.
Една од најгласните во Советот по ова прашање е Жаклина Свеќаровска-Филипова од Левица, која изјави дека барањето на Родителски фронт е адресирано на погрешна адреса. Ја прашуваме г-ѓата Свеќаровска-Филипова:
1. Дали и каде во Уставот постојат термините род, родова еднаквост и сите останати кованици и изведенки од род?
2. Дали постои закон за родова еднаквост или закон за еднакви можности на мажите и жените?
3. Зошто отворено не кажете дека вие од Левица сте левичари и прогресивци, кои отворени сте про-ЛГБТ, а со тоа и родовата идеологија, а против обичниот народ, кој се смета за верник?

Драги кочанчани, под точка 20 од Изборната програма на Левица за 2016 год., како и за 2020 година, пишува: „Работење на надминување на хомофобичните ставови, на дискриминацијата и стигматизацијата на припадниците на ЛГБТ лицата во општеството“, повеќе од јасно е дека Левица се про-ЛГБТ. Левица формира и Антифашистички фронт на жените, со што отворено застанаа против верниците и религијата. Тоа и не треба да нѐ чуди штом доаѓа од некој кој го застапува марксизмот како идеологија. Левица имаат дадено изјава која сѐ уште стои на ЛГБТИ+ веб страната на Субверзивен фронт сега преименувани во Квир Центар:
• Левица ќе поддржи ВОВЕДУВАЊЕ НА СОДРЖИНИ ПОВРЗАНИ СО ЛГБТИ прашањата како дел од веќе постоечки предмети од НАСТАВНАТА ПРОГРАМА на средните училишта, со цел да ја зголеми толерантноста и социјалната вклученост и да ја намали дискриминацијата и насилството кон ЛГБТИ луѓето
• Левица ќе поддржи воведување на сексуална ориентација и РОДОВ ИДЕНТИТЕТ како заштитени карактеристики во досегашниот Закон за спречување и заштита од дискриминација
• Левица ќе поддржи иницијатива за ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ секаде каде што има дискриминација на ЛГБТИ лицата и цврсто ќе се заложи за санкционирање на насилството врз ЛГБТИ лицата и говорот на омраза, при што телата и комисиите кои ја регулираат оваа сфера конечно да испорачаат резултати
• Левица би поддржала законска иницијатива за промена на постоечкиот закон кој ќе препознава семејства составени од ИСТОПОЛОВИ двојки
• Левица би поддржала иницијатива за законски измени со кои ќе се овозможи МЕНУВАЊЕ НА ПОЛОТ за трансродовите луѓе на нивните официјални документи и ДОКУМЕНТИ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Драги кочанчани, што повеќе Ви треба од ова за да го разберете лицемерието на Левица и на советничката Жаклина Свеќаровска-Филипова. Доста ни е веќе од вакви партии и ликови кои се против семејните вредности и кои врз сето тоа, нѐ гледаат во очи и нѐ лажат!

Здружение на граѓани БУДНОСТ