Започнува реконструкција на дел од терасата од источната страна на Трговскиот центар во Кочани
Од 16 октомври 2025 година започнува реконструкција на дел од терасата од источната страна на Трговскиот центар, со која ќе бидат поставени гранитни на местото на постојните обични плочки.

Избраниот изведувач „Исток мермер“ од Подлог, ќе работи на потег кој претходно не бил опфатен со реконструкцијата на плочникот во Трговскиот центар.

На овој зафат му претходеше фарбање и поставување ограда од страна на Општина Кочани.

За реконструкција на дел од терасата во Трговскиот центар се наменети 1.907.381 денар, средства од Буџетот на Општина Кочани.
