Започнуваат уписите за учебната 2025/2026 година во ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани
ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани информира дека започнуваат со уписи на ученици во учебната 2025/2026 година.
Уписите ќе се спроведуваат од 12 мај до 10 јуни, секој работен ден во просториите на училиштето од 10 до 15 ч. (комплекс АСНОМ).
Потребна документација: Фотокопија од извод од матична книга на родени.
