Започна учебната година и во ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани
Со свечен прием и приредба, денес започна учебната година и за учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани.

Годинава во кочанското музичко училиште тргнаа 25 првачиња од кои 12 во деветгодишно и 13 ученици во шестгодишно образование.

Во присуство на наставниците, родителите и в.д. градоначалникот Венко Крстевски, првачињата се запознаа со наставниот кадар, а училиштето ги дочека со музички настапи од постарите ученици кои им го покажаа духот на училиштето.

В.д. градоначалникот на првачињата при музичкото училиште им посака успешен и среќен почеток на учебната година, охрабрувајќи ги да чекорат храбро во светот на музиката, да истражуваат и да учат.

В.д. градоначалникот изрази поддршка и за наставниците и родителите како клучни партнери во образовниот процес.
ОМУ „Ристо Јуруков“ важи за училиште кое редовно освојува бројни награди на државни и меѓународни натпревари, претставувајќи ја општината со своите високи резултати.
