Завршна приредба на објектите „Бамби“ и „Сончогледи“ на децата од ДГ „Павлина Велјанова“
По завршниот настап на децата од објектитите „Ѕвездички“, „Цветови“ и „Кокичиња“, пред кочанската публика завршна приредба имаа и децата од објектите „Бамби“ и „Сончогледи“. Во МКЦ со песни и игри, а под мотото „Чао градинке“ дечињата од големите групи од ДГ „Павлина Велјанова“ Кочани го одбележаа завршувањето во градинката и од септември започнуваат во школските клупи. На приредбата присутните ги поздрави директорката на градинката Јованка Ефтимова.




-Тука сме сите заедно да се потсетиме и да го заокружиме најубавиот период на децата кој го поминавме сите заедно во нашата детска градинка. Во деновите поминати во градинката научивме да пееме, да играме, да се смееме, да се радуваме, но понекогаш и да се расплачеме. Од срце Ви благодарам и Вам почитувани родители бидејќи вашата поддршка и соработка се важни за нас. На нашите воспитувачи и негуватели изразувам огромна благодарност за преданоста и неуморната работа. Од мое име и од името на целиот тим на сите вработени им посакувам на идните првачиња многу среќа и здравје, рече Јованка Ефтимова, директорка на ДГ „Павлина Велјанова“.




Во преполната сала на МКЦ родителите и роднините на дечињата се радуваа заедно со нив, ракоплескаа, а децата низ песна, игра, глума, со многу возбуда и уште повеќе насмевки покажаа дека се подготвени за училиште.