Завршија „Деновите на кочанскиот ориз“
Со концерт во Паркот на револуцијата на караванот „Македонијо во срце те носиме“, во Кочани заврши 32. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.

На сцената во Паркот на револуцијата настапија популарни македонски музички пејачи кои пееја македонски патриотски песни.

Манифестацијата траеше три дена, а кочанци имаа можност да присуствуваат на повеќе промоции на книги, изложби, уличен театар и огнено шоу, крунисување на жетварската убавица како и традиционално зажнејување на ориз и вршидба на гумно.





