Жителите на Доклевец маало реагираат: „Мора да се стави ред со дивеењето и брзото возење и да се закрпат дупките на улиците „Љупчо Сантов“ и „Вита Поп Јорданова“
До редакцијата на sito.mk пристигна известување во кое жителите на Доклевец маало бараат од Општината да се стави ред со дивеењето и брзото возење на улиците „Љупчо Сантов“ и „Вита Поп Јорданова“ во Кочани. Ви го пренесување во целост:
„Ние жителите на улиците „Љупчо Сантов“ и „Вита Поп Јорданова“ Кочани (Доклевец маало) сме револтирани од дивото возење на несовесни возачи на нашите улици, бидејќи секојдневно се соочуваме со огромен ризик од евентуални сообраќајни несреќи и уште полошо да настрада невина личност со смртни исходи. На овие улици живеат и честопати минуваат инвалидни лица со ортопедски помагала, стари лица и деца кои можат да настадаат. Неоддамна за малку беше избегната сообраќајна несреќа која ќе се случеше на инвалидно лице.

Бараме од Оштината и од градоначалникот Папазов како и од Сообраќајниот инспектор во ОВР Кочани Жаклина Пауновска Ангелковиќ со реакција на полицијата да се стави ред на дивото возење на овие две улици, да се постават лежечки полицајци или да се изнајде друго решение со кое би се ставило ред на овие улици за да можеме да се движиме мирно.

Исто така бараме да се асфалтираат истите или барем да се закрпат големите дупки кои го попречуваат движењето на автомобилите, а ги испокршивме и инвалидските колички по нив.

За таа цел ние жителите на овие улици потпишавме и ви доставуваме петиција со наши потписи за овие барања.
Нагласуваме
Доколку барањето не биде разгледано и не излегнете Вие надлежните од Општината и градоначалникот Папазов и ОВР со инспекторката по сообраќај Жаклина Пауновска Ангелковиќ да разговарате со нас и доколку не се најде конкретно решение за хаосот со кој се сооочуваме секојдневно, ние граѓаните ќе ги блокираме улиците и ќе излеземе на протести со извесување на сите медиуми.“
Од
Жителите на улиците „Љупчо Сантов“ и „Вита Поп Јорданова“ (Доклевец маало)
Тел: 077/955-733

