Енерџи фит клубот во Кочани заокружи уште една плодна и исполнета година, во тек се уписите на нови членови на часови по зумба
Зумба танците земаат се поголем замав меѓу кочанци. Од година во година расте заинтересираноста за овој вид музички стил и се повеќе граѓани се запишуваат на зумба а објаснувањето за големата заинтересираност е заради големите здравствени придобивки од зумбата која е финтес-програма што вклучува аеробни и танцови движења во ритамот на салса, хип-хоп, мамбо, регетон и други музички стилови. Освен размрдување на целото тело, зумбата помага и при тонирање на мускулите, намалување на крвниот притисок, согорување на калории, ослободување од стрес, кардио тренинг и кондиција. Се зголемува издржливоста, се подобрува кардиоваскуларниот систем и се подобрува квалитетот на животот.

Зумба инструкторот во Кочани Ангела Коцева која раководи со Енерџи фит клубот за сито.мк вели дека се радува што се поголем број граѓани одат на часови по зумба, а во клубот во Кочани во тек се уписите на нови членови. Зумба фитнесот работи со 2 лиценцирани инструктори. Часовите се реализираат секој понеделник и среда Зумба јуниори од 19 часот и Зумба за возрасни 20:30 часот.

Освен тоа зумба членовите секогаш се присутни и на други активности повеќе настапи на хуманитарни концерти, а Коцева како инструктор често посетува и семинари и обуки во Скопје заради нејзино надоградување и пренесување на искуството на членовите кои посетуваат зумба часови.





