Едно прво и второ и три трети места за БК „Спартак“ на Државното првенство во борење за сениори чиј домаќин беше Кочани
Прво место во категорија (79 кг.) за Расул Шапиев од БК „Спартак“ на Државното првенство во борење – слободен стил за сениори/ки чиј домаќин беше Кочани и БК „Спартак“.


БК „Спартак“ настапи со 12 натпреварувачи. Второ место освои Зоран Митев во категорија (57 кг.), а трето место освоија Стефан Штерјов во (61 кг.), Драган Глигоров во (57 кг.) и Дамјан Крстев во (57 кг.) Две петти места осовија и борачите Благоја Тасески (61 кг.) и Александар Павлев во (70 кг.)

Свое учество на Државното првенство зедоа и Петар Иванов (86 кг.), Ефтим Стоименов (70 кг.), Андреј Петков (97 кг.), Горан Терзиски (92 кг.) и Стефан Миладинов (97 кг.).


-БК „Спартак“ повторно покажа дека е добар домаќин и дека знае успешно да организира вакви Државни првенства. Целиот тим на „Спартак“ на чело со претседателот Зоран Сребренов се добри пријатели на боречката федерција и се трудат до максимум да го развијат борењето во Кочани и оваа заедничка поддршка ќе продолжи и понатаму. До крајот на годината би сакале да организираме уште еден поголем натпревар во Кочани, истакна Дејан Богданов, претседател на Боречката федерација на Македонија.

На првенството настапија над 80 борачи во различни тежински категории од клубовите БК „Лирија“ од Скопје, БК „Бучим“ од Радовиш, БК „Балканец“ од Штип, БК „Неготино“, БК „Борец“ од Велес, БК „Аждер“ од Охрид, БК „Студеничани“, БК „Конче“ Радовиш и БК „Шкупи“ од Скопје.

Во екипна конкуренција кај мажите најуспешни беа борачите на БК „Вардар“ – Скопје кои го освоија првото место, второпласирана беше екипата на БК „Лирија“ – Скопје, третто место за БК „Бучим“ – Радовиш, додека четвртто и петто место за екипите на „Балканец“ – Штип и „Спартак“ – Кочани.

Кај жените екипно најуспешен беше БК „7-ми Мај“ од Прилеп, второпласирана екипата на „Балканец“ – Штип и треттото место за „Вардар“ – Скопје.