Душанка Горгиевa-Трпевски официјално кандидатка за пратеничка на СДСМ од Кочани
Актуелната советничка во Советот на Општина Кочани и в.д директорка на кочанската Општа болница, м-р, д-р. Душанка Горгиева–Трпевски официјално е кандидатка на СДСМ од Кочани за пратеничка во македонското собрание.
Горгиева-Трпевски се најде на 6-тото место на пратеничката листа во Изборната единица 3, откако СДСМ на партиски конгрес ги потврди кандидатските листи за пратеници на претстојните парламентарни избори закажани за осми мај.
М-р. д-р. Горгиева-Трпевски е магистер по здравствен менаџмент и доктор по детска и превентивна стоматологија, директорка на Општата болница во Кочани и актуелен советник.
Во моментот ја извршува функцијата претседателка на општинскиот Форум на жени на СДСМ – Кочани.