ДПД Кочани учесник во проектот „Преку мрежа на доброволни противпожарни друштва до подобра цивилна заштита на луѓето и природата“
ДПД Кочани зеде учество на конференцијата во рамките на проектот „Преку мрежа на доброволни противпожарни друштва до подобра цивилна заштита на луѓето и природата во Република Северна Македонија“.
На истата имаше размена на добри практики и искуства со најнапредните доброволни противпожарни системи од земјите на ЕУ/ИПА.

– На конференцијата учествуваа експерти од Австрија, Словенија и Хрватска. Сите истакнаа свои практити во дејствувањето на противпожарната и цивилна заштита во своите држави. Меѓу другото ги истакнаа и аномалиите на системот. Нивна цел беше да ни пренесат добри практитки како би можеле ние да изградиме еден поинаков и поефикасен систем за цивилна заштита. Во конференцијата зеде учество и директорт на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов како и министерската за одбрана Славјанка Петровска кои истакнаа дека оваа идеја доаѓа во вистински момент кога се подготвува законот за цивилна заштита и дека ја пружат целосната поддршка. Со ова сакаме да ги примениме европските практики кои ги слушнавме од експертите. Јас исто така пренесов добри практики кои ние ги применивме за време на изминативе две години, а се слични на практиките кои ги слушнав од експертите, за да можат и поновите друштва да станат поактивни на терен, истакна Златко Илијев, претседател на ДПД Кочани.
Конференцијата беше во организација на ДПД од Свети Николе, а се одржа во Охрид.
