Доброволното противпожарно друштво – Кочани го прошири возниот парк со уште едно противпожарно возило специјализирано за гасење шумски пожари-донација од компанијата “Антура”
Доброволното противпожарно друштво – Кочани го прошири возниот парк со уште едно возило. Станува збор за противпожарно возило специјализирано за гасење шумски пожари кое е донација од општествено одговорната компанија ,,Антура” од Кочани. Вредноста на возилото е 25 илјади евра.

-По поминати повеќе од 5. 000 километри, низ шест држави и шест денови патување еве не дома со ново противпожарно возило. Најпрвин сакам да се заблагодарам на колегите кои беа со мене и на колегите кои ни приредија прекрасен дочек. Но сето ова немаше да биде доколку не беше команијата ,,Антура” заедно со менеџерскиот тим и можам да кажам дека за една недела по првичниот состанок, успеаа да го организираат целиот транспорт и да ги подмират трошоците. Сакам да се заблагодарам и на Локалната самоуправа на Кочани бидејќи ни отстапи едно од службените возила со кое заминавме на пат за Белгија. Во однос на возилото станува збор за специјализирано возило за гасење на шумски пожари, теренец со погон на сите четири тркала, со носивост на вода од 4 тони и екипаш од четири пожарникари, истакна Златко Илијев, претседател на ДПД – Кочани.

Од компанијата ,,Анатура” истакнаа дека возилото марка МАН е донација по повод успешниот десетгодишен јубилеј од постоењето.
-Среќни сме што овој настан се поклопува со одбележувањето на десет годишнината на нашата компанија. Се надеваме дека дадовме голем придонес на ДПД од Кочани за да можат полесно да се справуваат со елементарните непогоди на кои што и самите сме сведоци овој период. Им посакуваме да имааат што помалку работа, рече Христина Јорданова, од ,,Антура”.

Во моментот ДПД од Кочани располага со пет возила.
-Комбе, навален камион, камион цистерна, АТВ четирицикалот и сега возилото специјализирано за шумсите пожари. Друштвото моментално работи на повеќе планови, односно се работи на доопремување на АТВ возилото кое ќе биде опремено со резервоар и пумпа за вода, а и на новото возило ќе треба да препеавиме некои работи бидејќи е направено за белгиски стандарди, додаде Илијев.

По повод пристигнувањето на петото возило беа и свечено пречекани во кругот на ТППЕ.
Од ДПД – Кочани најавија дека ќе го прослават и третиот роденден при што ќе го организираат Меѓународниот натпревар за противпожарни игри.
