Доброволното противпожарно друштво го одбележа својот прв роденден
Со пригодна свеченост и целодневна програма, Доброволното
противпожарно друштво од Кочани го одбележа својот прв роденден. Во
програмата за одбележување на една година постоење беше презентирано
новото возило и опремата со која располага ДПД, а за подготвеноста и брзата
реакција при пожари уште еднаш потврди и показната вежба „Симулација на
пожар во затворен простор и извлекување на повредено лице“ која успешно
ја изведоа доброволците пред насобраната публика.
Просториите на ДПД беа осветени и благословени од страна на
Митрополитот Брегалнички г. Иларион. На свеченоста беа доделени
сертификати на доброволците членови на ДПД кои посетија обуки за
справување со пожари и реакција при слични ситуации. Пред присутните
освен градоначалникот Љупчо Папазов, зборуваа и командирот на ТППЕ на
Кочани Драган Апостолов и претседателот на ДПД Златко Илијев кој даде
отчет за сработеното во измината и ја презентираше програмата за работа за
наредната година во која меѓу другото се планира и набавка на наменско
теренско возило за справување на пожари на тешко достапни терени,
набавка на две АТВ возила и набавка на транспортно, санитетско и комунално
возило.
За музичкиот дел се погрижија учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“,
најмалите од ДГ „Павлина Велјанова“ и Прватната детска градинка „Амичи“
како и Зумба клубот од Кочани и локални ди џеи.


