Денот на шегата одбележан во Оризари
Учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари со настап и дефиле го одбележаа Први април денот на шегата.

Во спортската сала на училиштето со свои точки се претставија сите ученици од прво до деветто одд.

Преку шеги, маски, игри и забава за миг ги оттргнаа возрасните од секојдневните грижи и проблеми и ги развеселија.

Меѓу децата имаше и две маскоти кои дополнително им го разведрија денот на децата.




