Даријан Павлев од БК “Спартак” со златен медал ја заврши 2024 година
Денес во Скопје се одржа меѓународниот турнир ,,Ментаз алајбегу и Хајруш Синани” во борење во организација на БК “Лирија” на кој учествуваа 150 борачи од Турција, Бугарија, Косово, Албанија и сите клубови од Македонија.

Даријан Павлев освои 1во место 68 кг. Убедливо ги совлада сите противници и ја заокружи оваа година со златен медал.

Павел Темелков 3то место 75кг.

Јован Илијев 3то место 57кг.

Мартин Цветков, Стојана Митева и Едис Билалов зедоа учество во своите категории.

