Даријан Павлев – бронзен медал на Балканското првенство во Романија
Даријан Павлев го освои 3-то место во категоријата до 68 кг на Балканското првенство во борење, кое се одржува во Клуж, Романија (06–12.10.2025).

Во 1/8 финале, Даријан славеше со победа против Албанецот Доменико Дуниша.

Во 1/4 финале беше поразен од Бугаринот Петко Саракостов. Во репасажот, забележа сигурна победа против Романецот Стефан Андреи Станила. Во борбата за бронзениот медал, Даријан победи со туш уште еден Романец – Абел Кашко!

Голема благодарност до тренерите Зоран Сребренов и Иван Јанев, кои неуморно работеа со Даријан, како и на неговиот татко Александар Павлев за постојаната поддршка и посветеност.

Иако пред првенството Даријан имаше неколку повреди, меѓу кои и фрактура на прст на раката, тој со неверојатна решителност и борбен дух успеа да ја донесе бронзата во Македонија.

Ова е прв медал по речиси десет години за клубот Спартак – Кочани од големо меѓународно натпреварување.

Даријан Павлев – гордост на Кочани и инспирација за сите млади спортисти!

Благодсрност и до Боречка Федерација на Северна Македонија, Општина Кочани и до сите останати кој можеби ќе ги испуштиме ненамерно кој имаа верба во Даријан.

БК “Спартак” Кочани