Граѓанска ревизија “Унапредување на социјалните услуги за деца со попреченост во општина Чешиново-Облешево”
Граѓанска ревизија со цел “Унапредување на социјалните услуги за деца со попреченост во општина Чешиново-Облешево”.

На денешниот настан ние ги пренесовме пораките на децата со попреченост и нивните семејства. Со прашалникот кој што го спроведовме добивме клучни точки на кои треба да се насочи работата на општина Чешиново-Облешево, потпомогната од страна на Министерство на труд и социјална политика.

ПРЕД СЕ:
*Да се обезбедат специјализирани кадри кои ќе работата со ДПП;
* Воспоставување на социјална услуга-Дневен центар во Општина Чешиново-Облешево;
*Обезбедување бесплатен превоз до најблискиот дневен центар;
*Зголемување на паричниот надомест на децата со попреченост.

Сознанијата од мапирањето ни укажаа дека постои простор и потенцијал во општината да се превземат активности кои ќе направат позитивни промени во квалитетот на живот на децата со попреченост и нивните семејства.

Овие деца можат да придонесат во опшеството, само треба да и се даде шанса!!!

Нашите препораки се насочени кон активно учество на општината во соработка со останатите општини кон креирање на локални политики за остварување на правата на децата со попреченост;

●Профункционирање на постоечката подрачна единица на Министерство за труд и социјална политика;
●Воспоставување на социјални услги (дневни услуги, активности за вклучување во заедницата, група за само помош итн.);
●Развој на локални политики преку вклучување на пазарот на трудот на родителите на деца со попреченост.

