Градоначалникот на Општина Кочани со препораки до КЈП „Водовод“ и до Советот на Општина Кочани
На колегиумот што утринава се одржа во Општина Кочани, а по трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“, градоначалникот Љупчо Папазов даде неколку препораки за преземање активности во наредниов период.
Од колегиумот е упатена препорака за целосно почитување на прогласената седумдневна жалост, со што се откажуваат сите настани од забавен, културен и спортски карактер.
Упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП „Водовод“ да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските гробишта и определување посебно место за починатите во пожарот, како и одлука за бесплатно доделување парцели за починатите и за погребните услуги коишто се во надлежност на КЈП „Водовод“.
Градоначалникот Папазов иницира отворање донаторска сметка во соработка со ОО на Црвен крст Кочани, на која може да се примаат донации за повредените и настраданите.
На оваа сметка на Фондот на солидарноста на Црвен крст на РСМ Општина Кочани ќе донира 3 милиони денари од сопствениот буџет.
Во врска со препораките произлезени од колегиумот и градоначалникот Папазов наскоро ќе заседава Советот на Општина Кочани.
Во соработка со Брегалничката епархија и Црковниот храм „Свети великомаченик Георгиј“ црковните обреди за покој на починатите нема да се наплаќаат.
Сметка на Фонд на солидарноста на Црвен крст на РСМ: 300000001327966Даночен број: 4030984271620АД Комерцијална банка
Назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани

