Германската амбасада донираше дигитален репетитор на кочанските доброволни пожарникари
Ни претставува чест и задоволство што денес со уште еден успешен проект продолжи соработката со Германската амбасада во Македонија.

Донацијата од буџетот на германското Министерство за надворешни работи преку Фондот за мали проекти овојпат се состои од дигитален репетитор со голем опсег кој значајно ќе ја олесни комуникацијата и кординацијте при делување на терен.
Договорот за донација денес беше потпишан лично од ценетата амбасадорка на Германија во Македонија, госпоѓата Петра Дрекслер. Во оваа прилика сакаме нејзе да и изразиме благодарност за помошта, а воедно и на германската држава и германскиот народ.
Потсетување, минатата година Германската амбасад во Македонија со проект обезбеди за ДПД Кочани опрема како противпожарни чизми, потопни пумпи, млазници, дишни дрегер апарати, радио станици, моторни пили и контењери за отпад.

Danke Deutschland
– На Германската амбасада во Скопје ѝ е драго што може да даде мал придонес за напорите на Доброволното противпожарно друштво во Кочани во актуелната итна ситуација. Храбрите мажи и жени од ДПД Кочани ќе ги користат радио-станицата и репетиторот за подобра координација при обидите да ги изгасат пожарите во земјата што траат и со нив се исто така подобро опремени за идните интервенции. Донацијата од буџетот на германското Министерство за надворешни работи преку Фондот за мали проекти поддржува локални напори како овој, соопштија од Амбасадата.
ДПД-Кочани