В четврток 24 април во 20:00ч. хуманитарен кошаркарски натпревар организиран од КК Баскет Дино во чест на загинатите
40 дена тишина – Кочани се обединува во чест на загинатите.
Кошаркарскиот клуб Баскет Дино годинава го одбележува својот 21-ви роденден. Наместо да слави успеси, клубот го дочекува овој јубилеј во знак на жалост и сочувство. Трагичниот настан што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани одзеде 62 животи – меѓу нив и млади кошаркари, пријатели и членови на кошаркарската заедница.
Во чест на загинатите, во четврток на 24 април 2025 година, во 20:00 часот, во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ ќе се одржи хуманитарен кошаркарски натпревар организиран од КК Баскет Дино.
На паркетот ќе застанат поранешни и сегашни кошаркари, обединети преку спортот, љубовта и спомените.
Сите средства собрани од продажбата на влезници ќе бидат донирани на семејствата на настраданите.
Натпреварот претставува повеќе од спортски настан – тој е симбол на сплотеност, човечност и длабока почит кон сите изгубени животи.
Секој билет ќе биде повеќе од влез – ќе биде порака на сочувство, солидарност и љубов.
Да не заборавиме. Да бидеме едно. За нив. За нас. За Кочани.
Картите во претпродажба може да се купат во Аромата Тренд, Бутик Тренд, кафе бар Mr. Black, Тобако Анафил (триаголник), Тобако Corner13, кафе бар Bulevard по цена од 200 ден.
КК “Баскет Дино”
