В четврток на 15 Мај Света Литургија во Храмот “Св. Атанасиј Велики” во Оризари, ќе чиноначалствува Митрополит Брегалнички г.Иларион
По повод престојниот празник пренесување на светите мошти на Св. Атанасиј Велики кај народот попознат како летен св. Атанас, во храмот кој е посветен на Св. Атанасиј во Оризари, во среда 14.05.2025 год. со почеток од 17 часот ќе се Богослужи Вечерна Богослужба.

На самиот празник 15.05.2025 год. ќе се Богослужи утрена со почеток од 07 часот, а од 08 часот ќе се Богослужи Света Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Брегалнички г.Иларион со повеќе свештенослужители од Брегалничката епархија.

По Светата Литургија ќе се изврши мал водосвет, ќе се пресечат славските колачи (кумства) и потоа ќе се дели благословен ручек.
Повелете сите на заедничка молитва.
Храм “Св. Атанасиј Велики” Оризари