В среда на 03 мај во ЦК „Бели Мугри“ премиера на претставата „Тунел“ – единствен претставник од Кочани на ДАФ
Ротари клубот Кочани – Виница ги поканува сите љубители на театарот в среда на 3 мај во Центарот за култура „Бели Мугри“ – во Кочани да ја проследат премиерата на Театарска Претстава “ТУНЕЛ”.
Претставата е во Режија на Кристина Атанасова Арсова, инспициент Зорица Митева со учество на глумците аматери: Анастасија Михаилова, Љупка Јорданова, Надалина Грозданова, Кристијан Арсов, Бранко Јорданов, Драгана Анастасовска, Иван Арсов, Маја Петрова, Лина Крстова, Матеј Беличев и Благица Иванова.
Претставата е под покровителство на Ротари Клуб Кочани-Виница во соработка со Општина Кочани и истата е зародиш на еден проект кој треба да вроди со оформување на Драмска академија во Кочани.
По својата премиера претставата ќе биде единствен претставник од Кочани на јубилејниот 60-ти Драмски Аматерски Фестивал чиј домаќин е нашиот град.
Преставата има донаторски карактер и сите собрани средства од истата ќе бидат употребени за оформување на Драмската Академија во Кочани.
