В недела Ротари клубот Кочани – Виница по трет организира трка низ улиците на Кочани
Во Недела (14.04.2024 година) под мотото „Да креираме надеж“ во организација на „Ротари Клуб Кочани-Виница“ а со поддршка на Општина Кочани, како и на поголем број спонзори низ улиците на Кочани ќе се одржа третата „Rotary run“ трка.
По тој повод денес претседателот на Ротари Клуб Кочани-Виница Зафир Наков одржа прес конференција на која истакна:

– Ќе се трча на 5 и 10 километри во машка и женска конкуренција како и 2,5 километри во фамилијарна конкуренција. Стартот на трката ќе биде на улицата „Кеј на Револуцијата“ кај „Паркот на Револуцијата“ а ќе се трча по Булевар „Теодосија Паунов“ па потоа низ улиците „Никола Карев“ и „Маршал Тито“ па повторно по „Кеј на Револуцијата“ до целта. Се очекува учество на 300 натпреварувачи.