В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски одржа средба со корисници на јавни површини
Јавниот простор е јавен интерес, урбанизмот значи хуманост – в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски одржа средба со корисници на јавни површини.

Користењето на јавно-прометните површини е законски регулирано и сите корисници коишто отстапуваат од дозволената површина ќе бидат санкционирани.

Општина Кочани ја започна постапката за корекција на неправилностите.
Безбедноста е првата причина поради која нема да се прават отстапки, а Општината ќе се залага за хуманизација на просторот – ова беше заклучено по средбата на в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски со корисниците на јавни површини, претежно угостителски објекти лоцирани во Трговскиот центар во Кочани.

Со поддршка од инспекциски служби од Општина Струмица на средбата беа пренесени искуства и беше прикажана законската рамка со која се опфатени овие објекти.
Приоритет ќе биде обезбедувањето непречен приод на противпожарните возила во Трговскиот центар во Кочани.
На средбата беше истакната потребата да се прекине практиката на непостапување и неефикасно спроведување на одредбите од законите, коишто ги покажаа последиците во неодамнешната трагедија во Кочани.
