В.д. градоначалникот Венко Крстевски оствари прием на Владимир Грчев, европскиот шампион со златен медал по информатика
В.д градоначалникот Венко Крстевски оствари прием на талентираниот информатичар Владимир Грчев којшто во конкуренција од 96 натпреварувачи од цела Европа се закити со златен медал на Европската олимпијада по информатика одржана во Шумен, Република Бугарија.

Талентираниот млад кочанчанец Владимир кој веќе има освоено бројни награди од национални и меѓународни натпревари по математика и информатика, уште еднаш го потврди својот потенцијал и ги истакна нашиот град и држава на европската мапа на млади таленти.
В.д. градоначалникот му честиташе на Владимир и на неговите родители за големиот успех, му посака уште многу извонредни резултати, нагласувајќи дека успесите на Владимир се успех и гордост не само за општината, туку и за целата држава и само на тој начин се гради општетсво со позитивни вредности.
В.д. градоначалникот ја истакна и континуираната поддршка од страна на Општината за сите млади таленти кои со своите достигнувања се амбасадори на знаењето, трудот и успехот.
